Скопјанец претепан со тупаници во Ченто

Б.Л (22) од Скопје ноќеска во 2.35 часот пријавил дека  околу 1.55 часот пред поликлиниката Ченто физички бил нападнат од  четири непознати лица кои повеќепати го удриле со тупаници по главата и телото и му нанеле видливи повреди, црвенило и оток во пределот на лицето. 

Според пријавата, до физичкиот напад дошло без повод и причина, односно додека Б.Л. се движел пеш по ул.„Маџари”, одзади му пришле четирите лица на возраст од 18 до 24 години и физички го нападнале, по што се качиле во патничко моторно возило „рено модус” и заминале од местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе