Кражба на „Партизански одреди“ во Скопје

Скопјанец остана без автомобил, го оставил со клучеви на брава

Четириесет и четиригодишен скопјанец остана без своето возило кое му било украдено откако го оставил со клучеви на бравата. Според МВР настанот се случил вчера оклолу 18 часот на булеварот „Партизански одреди" во Скопје.

А.Ј. (44) од Скопје пријавил дека непознат сторител го одзел неговото патничко возило „Сеат Леон" со скопски регистарски ознаки. Сторителот влегол во возилото кое било отклучено и со клучевите кои биле оставени на возилото, го стартувал и заминал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.660.500 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно рачистување на случајот.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе