Скопјанец осомничен за палење на автомобил и поседување оружје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела „тешки дела против општата сигурност“, како и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 4 јануари, на улицата „Јабланица" во Скопје, осомничениот полеал паркиран автомобил „Ауди“ со запалива дериватна течност и со запалка ја активирал. Со ова тој предизвикал силна експлозија и целосно опожарување на автомобилот со штета во вредност од 450.000 денари, како и делумно опожарување на автомобил „Форд мондео", кај кој била предизвикана штета од 10.000 денари. По експлозијата, сопственикот на автомобилот „Ауди“ излегол на терасата од неговата куќа и го забележал осомничениот како бега од местото.

При претрес во домот на осомничениот на 5 јануари, полициските службеници пронашле полуатоматски пиштол марка „Црвена застава М57" со калибар 7,62Х25 мм, два куршума во рамка, како и дополнителни 54 куршуми.

„Бидејќи постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците и да ги повтори кривичните дела, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, се наведува во соопштението од обвинителството.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе