Скопјанец осомничен за 17 тешки кражби во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47-годишниот скопјанец Н.Д., осомничен за сторени вкупно 17 кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“.

Како што денеска појаснуваат од МВР, Н.Д., заедно со уште две лица, во периодот јуни-октомври 2019 година, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, на паркинг простор на повеќе локации во Охрид, населби и плажи, со подесен предмет ги кршеле предните стакла од возилата и одземале вредни предмети, лични документи и пари.

Со тоа, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 510.000 денари. 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе