МВР билтен

Скопјанец осомничен дека неовластено држел марихуана во куќата на неговиот дедо

25-годишен скопјанец е осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Осомничениот 25-годишник од непознато лице набавил наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 123 грама која ја чувал во куќата на неговиот дедо. Дрогата ја препакувал во 23 помали полиетиленски паковки со намера неовластено да ја продава. При претресот кај него била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога“, соопштија од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил и Предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе