Скопјанец нападна во кампот во паркот кај Могилата во Прилеп

На 15 јули во 12 часот во полициска станица-Прилеп, Т.С.(46) од Скопје, пријавил дека тој, неговиот син и неговиот пријател биле нападнати од група од околу 20-30 лица.

Според пријавата во полицијата додека Т.С. кампувал со шатор поставен во паркот кај Могилата на непобедените заедно со своето семејство, му пришле две непознати лица, прашувајќи го за некои девојки, а потоа влегле во соседниот шатор, каде започнале расправија со лицето што било во него и две девојки.

Откако Т.С. влегол внатре да ги смири, непознатите лица заминале. По околу десетина минути, лицата се вратиле заедно со група од околу 20-30 лица и почнале да удираат по возилата со раце и шипки, а потоа го нападнале Т.С., неговиот син и пријателот, нанесувајќи им видливи повреди.

Прилепската полиција презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на настанот.

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе