Обвинителство

Скопјанец наместо во самоизолација, излегол и бил во маркет

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за казна за жител на Скопје кој не ја почитувал изјавата што ја потпишал за самоизолација.

„Обвинетото лице, на 17 март, при влез на граничниот премин Табановце, потпишал изјава дека ќе се самоизолира во период од 14 дена, бидејќи претходно престојувал во Словенија како ризична земја за ширење на заразната болест COVID-19. Но, тој не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање и спречување на болеста, па на 25 март излегол од својот дом и бил во маркет“, пишиува во соопштението од Обвинителството.

Јавниот обвинител му предложи на Судот на обвинетиот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 25 евра во денарска противвредност.

За кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе и Барање за поведување подготвителна постапка за двајца малолетници, на возраст од 15 и 14 години. Тие на 30 март, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на државата, биле затекнати како се движат во близина на Железничката станица во Скопје за време на полицискиот час.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе