Скопјанец грабнат и малтретиран поради долг од 4.000 евра

Скопјанец и охриѓанец се сомничат дека извршиле кривично дело „самовластие“ врз 65-годишен скопјанец кој од нив позајмил 4.000 евра. Кривичната пријава е поднесена против П.Р. (33) од Охрид и М.А. (31) од Скопје.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 65-годишниот В.П. зел 4.000 евра од двете лица за што залог требало да биде неговиот стан. Бидејќи тој не го ставил станот како залог, а не можел да ги врати позајмените пари, на 29 мај околу 10 часот во близина на зградата каде живеел, бил пресретнат од двајцата и однесен во паркот Гази Баба каде околу час и половина бил малтретиран. Потоа бил однесен во неговиот стан каде продолжило физичкото малтретирање и заканите по неговиот живот и животот на неговото семејство.

На повредениот му се констатирани повреди од страна на лекар од ГОБ „Наум Охридски“.

По пријавувањето на настанот, М.А. сам се пријавил во полициска станица, а  за П.Р. е распишана централна потерница.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе