Скопјанец ги напаѓал и им се заканувал на своите партнерки

Вчера во 17.25 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(41) од Скопје поради физички напади и загрозување на сигурноста.

Првото кривично дело пријавениот го сторил на 29.11.2020 на подрачјето на Центар, при што физички ја нападнал неговата 40-годишна тогашна партнерка од Скопје.

Второто кривично дело го извршил на 24.07.2021 на подрачјето на Карпош упатувајќи закани по животот на 42-годишна жена од Скопје.

Третото кривично дело пријавениот го извршил на 09.03.2022 на подрачјето на Центар така што физички ја нападнал неговата 34-годишна партнерка од Скопје нанесувајќи и повреди, а упатувал и закани по нејзиниот живот.

Единицата за насилен криминал-Одделение за семејно насилство при СВР Скопје до ОЈО Скопје против пријавениот поднесе соодветна кривична пријава по брза постапка и тој во текот на денот ќе биде изведен пред надлежен судија.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе