МВР билтен

Скопјанец ги нападнал полицајците кои му пронашле дрога

Кај едно лице полицијата пронашла марихуана, додека, во друг одделен случај, кај лице е пронајдена прашкаста материја. 

Вчера во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода П.М.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во одделен случај во 13.40 часот на ул.„Димитар Туруманџовски“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ј.(37) од с.Инџиково, скопско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. При приведувањето, пријавениот физички ги нападнал полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе