Скопјанец ги истепал сопругата, синот, ќерката и нејзиното момче

Пијан скопјанец ги истепал сите членови на своето семејство, па и момчето на неговата ќерка, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил во скопската населба Ѓорче Петров.

Насилството го пријавила 50 годишна жена, според која, нејзиниот 54-годишен сопруг пијан дошол дома и почнал да се расправа со неа. Тој не се задоволил со расправијата, па почнал да ја тепа сопругата, а потоа се нафрлил и на ќерката. Во нивна одбрана застанало момчето на ќерката, како и синот на насилникот, но и нив ги нападнал.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе