Скопјанец фрлал дрога по улица додека го апселе

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривичнa пријавa против В.Ц.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

„На трети јули на бул.„Климент Охридски“ во Скопје полициски службеници запреле патничко возило кое го управувал С.Т.(28), а како сопатници биле Х.Ш.(20), В.Ц.(20) и Ј.Б.(17).  Во тој момент пријавениот В.Ц. ја отворил вратата и на земја фрлил амфетамин. Лицата биле лишени од слобода и приведени во полициската станица Центар. Вчера врз основа на наредба од судија на претходна постапка, бил извршен претрес во простории каде престојувал В.Ц. на ул.„Орце Николов“. При претресот биле пронајдени таблети метилен диоксиметамфетамин(МДМА) и една дигитална вага со остатоци од марихуана“, информираат од МВР.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе