Скопјанец фатен „на дело“ додека крадел во куќа во Центар

Ноќеска во 2 часот на бул.„Партизански одреди“ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(33) од Скопје. Тој бил затекнат при обид за извршување на „тешка кражба“ во куќа на подрачјето на Центар и  го признал делото.

Кај уапсениот е пронајден предмет кој што потекнува од кривични дела „тешка кражба" пријавени на 27.06.2022 во Полициската станица Центар, а извршени во периодот од 25 до 27.06.2022, при што од книжарница на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје биле одземени повеќе уметнички слики.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Центар за понатамошна постапка, а за случајот е известен Јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе