Скопјанец дома чувал дрога и оружје, ОЈО му поднесе обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 29-годишен скопјанец за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" и за кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи".

„Кај обвинетиот 29-годишник, на 28 септември, во неговото живеалиште на улицата „Бранко Заревски" била пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 25,69 грама, во различни пакувања, 27 семки од растение кое припаѓа на растителниот род – Канабис, како и наркотична дрога – кокаин во две најлонски пакувања со вкупна нето маса од 3,77 грама. Исто така, била пронајдена и дигиталната вага со остатоци од кокаин. Обвинетиот недозволено држел и муниција – 30 куршуми со калибар 6,35 милиметри наменети за огнено оружје – полуавтоматски пиштол. При претрес на адресата на која престојувал обвинетиот на улица „Париска" во Скопје, пак, биле пронајдени уште 3,31 грама наркотична дрога – марихуана“, информираат од ЈО.

Надлежниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, бидејќи се уште постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.

                                                                                                               Фото: Архива

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе