Скопјанец доби кривична, преку Фејсбук се заканувал на пратениците

Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во МВР во координација со Основното јавно обвинителство- Скопје повикале 49-годишен скопјанец на разговор затоа што преку Фејсбук ширел ксенофобичен материјал и ја загрозил сигурноста на пратениците.

Станува збор за објави во последните неколку денови, а скопјанецот на разговор во полициска станица бил повикан вчера.

Одземени се докази и по документирање на случајот тој ќе добие кривична пријава.

Според првичните сомненија тој е осомничен за загрозување на сигурност и ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Од МВР нагласуваат дека ги следат активностите и ги повикуваат граѓаните кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk.

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе