Полицијата информира

Сѐ уште има граѓани кои наседнуваат на старите измами

Во полицискиот билтен денеска е забележано дека се пријавени неколку измами на граѓани, а се информира и за неколку пожари, сообраќајни несреќи и повредени лица, како и за еден обид за повредување на полицаец со автомобил, што се случило во Штип. Но, интересно е дека речиси секојдневно се случуваат стари измами, за кои се пишува со децении наназад.

Така, вчера Д.Ј. од Скопје бил измамен на тој начин што лицата К.К. и Н.А., исто така од Скопје, на нотар потпишале дека го купиле неговиот автомобил, но не платиле пред нотарот. По излегувањето надвор, тие влегле во возилото и заминале без да платат за атомобилот и не се јавувале на телефонските повици.

На улицата „Благоја Стефковски" во Скопје осумдесетгодишниот Љ.К. од Скопје бил измамен од две лица за сума од 9.100 денари. Според пријавеното, едното лице се претставило дека е македонски државјанин и му кажало дека другиот е странец, a дека направиле сообраќајна незгода. Според пријавеното, македонскиот државјанин му побарал пари за да ги провери парите на странецот дали се оригинални, а кои му ги давал за оtштета. Како што е пријавено, откако им ги дал парите лицата побегнале.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе