Синоќа само за 6 часа фатени се 170 пијани возачи

Синоќа, во периодот од 21 до 3 часот утрово полицијата спроведе контрола на територијата на државата за санкционирање на возачи што управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 170 возачи. Од нив, 49 биле на подрачјето на СВР Скопје, 28 во СВР Битола, 18 во СВР Охрид, 16 – СВР Струмица, по 15 во СВР Куманово и СВР Штип, 11 од страна на мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, 10 – СВР Велес и 8 – СВР Тетово.

Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и поднесени им се соодветни платни налози. Тие ќе се соочат со парични глоби од 225 до 325 евра во денарска противвредност, а 4 возачи кои одбиле алкотестирање со глоба од 500 евра. Покрај тоа, на прекршителите им претстои и мерка времено одземање на возачките дозволи од 3 до 12 месеци. За време на контролата биле констатирани и санкционирани и 176 останати прекршоци.

Апелираме до возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол со што ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови со цел заеднички да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот на патиштата, соопшти МВР.

 

 

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе