Пријави за семејно насилство во СВР Тетово

Син се заканувал дека ќе го убие таткото, маж ја претепал сопругата

Тетовската полиција ноќеска приведе две лица кои биле пријавени за два случаи за семејно насилство. Во првиот 50-годишник физички ја нападнал сопругата, а во вториот 26- годишник му се заканил на татко си дека ќе го убие.

„Во 20 часот, на улица „Видое Смилевски-Бато" во Тетово лишен од слобода е 50-годишниот тетовец Т.С., кој околу 18 часот и 30 минути во семејниот дом физички ја нападнал 44-годишната сопруга. Во 21 часот, на улица „Ѓорче Петров" во Тетово, приведен е 26-годишниот тетовец Џ.И., кој околу 20 часот го малтретирал и му се заканил по животот на неговиот 56-годишен татко.Џ.И“, информира денеска Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

„Во текот на јануари во СВР Тетово се евидентирани шест кривични дела поврзани со семејно насилство од кои четири со нанесување телесна повреда две со загрозување сигурноста. СВР Тетово има поднесено кривични пријави за 5 сторители за тетовскиот регион“, информира Јосифоски.

Во јануари има поднесено вкупно 23 поплаки за семејно насилство во кои жртвите не побарале кривичен прогон за сторителите. 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе