Полицијата заплени голема количина на кафе

Шверцерите ги оставиле вреќите со 480 килограми кафе и избегале во Албанија

Полицијата заплени 480 килограми бразилско кафе кое во вреќи три лица се обиделе да ги внесат илегално минувајќи ја границата. Откако биле забележани од полицијата, тие го фрлиле вреќите и избегале во Албанија.

„Вчера, во 18.20 часот, при преземање службени дејствија во близина на државната граница со Република Албанија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор - Блато забележале три лица, кои веднаш се дале во бегство кон територија на Албанија. По извршениот преглед на теренот биле пронајдени осум вреќи со необработено кафе со вкупна тежина од 480 килограми. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР преку соопштение.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе