Шумочувар и дрвокрадци фатени како товарат илегално исечени дрва

На местото викано Трпеј Кошари, во атарот на селото Лактиње, општина Дебрца, полицајци при контрола ги затекнале Ј.П. (56), Ц.К. (56), З.П. (31) и В.И. (20), сите од Демир Хисар, како вршат утовар на огревно дрво без документи на товарно возило „мерцедес“, сопственост на Ј.П.. На местото бил затекнат и шумочуварот К.Д. (53) од Лактиње, кој со чекан за жигосување ги обележал дрвата.

При преглед на теренот била пронајдена и поголема количина исечено огревно дрво. Камионот натоварен со дрва и чеканот за жигосување биле одземени, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе