Штипјанец, наместо во изолација, отишол на бербер, го чека казна од 5.000 евра

Основното јавно обвинителство Штип до Основниот суд Штип поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија според член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 32-годишник не постапил според решението со кое му била определена задолжителна домашна изолација до 26 март, па на 25 март го напуштил својот дом и отишол во берберски салон. Со ова тој не постапил според одлуката на Владата со која се определуваат мерки за сузбивање и спречување на заразната болест ковид-19.

Надлежниот јавен обвинител од Судот побара на обвинетиот да му определи парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на секоја дневна глоба да биде одредена на износ од 50 евра во денарска противвредност, односно вкупна парична казна од 5.000 евра.

 

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе