Тројца загинати и 32 повредени

Шоферот заспал, покажуваат првите резултати од истрагата за превртениот автобус кај Лесковац

Ситуацијата беше навистина драматична. Aвтобусот беше превртен настрана. Јас со пожарникарите се качив на автобус. Во возилото имаше четири заглавени патници, а три беа без знаци за живот, изјави докторката Јелена Миленковиќ која заедно со нејзиниот тим први пристигнале на местото на трагедијата, пренесува Курис.рс. Утрово во близина на Лесковац се преврти македонски автобус при што загинале три лица, четворица се потешко повредени, а триесетина лица се во болниците во Лесковац и Ниш.

Мирсад Малагиќ од Итната помош во Лесковац вели дека добиле информација за голем број на повредени и на местото на несреќата веднаш испратиле два тима. „Откако ни беше јавено дека треба е потребна дополнителна помош, испративме уште три екипи“, објаснува Малагиќ. Од Ниш дојдоа уште пет лекарски екипи.

Пожарникарите ги ослободуваа повредените патници кои беа заглавени во автобусот. Две жени биле извлечени од под автобусот и се меѓу најтешко повредените кои се транспортирани во Клиничкиот центар во Ниш.

Од македонските власти засега нема никаква информација околу овој настан.

Причините за несреќата сѐ уште се испитуваат, но според првичните резултати од истрагата најверојатно шоферот на автобусот заспал.

Автобусот сообраќал од Штип до Виена.

 

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе