Во Центар

Шетал со мачета во рацете за време на полицискиот час

Синоќа, за време на полицискиот час, во центарот на Скопје, полицијата запрела 35 годишен маж кој со себе носел мачета. Против него ќе бидат поднесени пријави како за прекршување на забраната за движење, така и заради поседување на оружје.

МВР информира дека полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар синоќа во 23.15 часот, од слобода го лишиле К.Т.(35) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена мачета, со што сторил прекршок од Законот за оружје.

Како што соопштија денеска од МВР, тој постапил и спротивно на член 206 од Кривичниот законик, односно не ги почитувал донесените мерки за забрана за движење по 21.00 часот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе