Шестодишното дете од Прилеп кое исчезна во Тетово најдено е во Скопје

Секторот за внатрешни работи од Тетово информираше дека е најдено шестодишното дете од Прилеп кое беше пријавено кај нив како исчезнато на 18-ти мај од страна на родителите. Детето го нашле полициски службеници во Скопје.

„Детето било предадено и згрижено во соодветна социјална установа во Скопје. Инаку, детето и претходно во повеќе наврати се оддалечувало од неговите родители, но и честопати покажувало знаци и постапки на асоцијално однесување, соопшти портпаролот на СВР Тетово“, Марјан Јосифовски.

Случајот во СВР Тетово на 20 мај го пријави неговиот татко, 29-годишниот Е.М. Според неговото кажување, детето се изгубило два дена порано додека играло во забавниот парк на спортскиот центар во Тетово. Тројцата членови на семејството во мај времено дошле од Прилеп во Тетово каде работеле на собирање старо железо.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе