Шестмина повредени во сообраќајка на патот Велес-Извор

На регионалниот пат Велес-село Извор вчера се случила тешка сообраќајна незгода во која биле повредени шест лица.

Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М. (31) од Велес и товарно возило „мерцедес“, без регистарски ознаки, управувано од Р.К. (60) од село Баница, струмичко. Тешки телесни повреди добил возачот А.М. и негова малолетна сопатничка од село Горно Оризари, а со телесни повреди во велешката болница завршиле А.Д. (38), Н.Д. (38), С.К. (30) и малолетен сопатник, сите од Горно Оризари, сопатници во патничкото возило.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе