СВР Скопје

Шестмина повредени во 11 сообраќајки

Две лица биле тешко повредени, а четворица полесно во 11 сообраќајни несреќи што изминатото деноноќие се случиле во Скопје.

 

Според СВР Скопје, 29 возачи биле санкционирани бидејќи возеле со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај биле исклучени 26 возачи. Од нив 22 управувале возило пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и двајца го управувале возилото под дејство на алкохол. 

Во акцијата од сообраќај биле исклучени 21 возило, а од нив 19 биле нерегистрирани, а две технички неисправни. Двајца возачи поминале крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци и тројца не користеле заштитен шлем.

Казнети е еден пешак бидејќи поминал надвор од пешачки премин и еден кој поминал на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 67 мандатни платни налози, а 65 возила се подигнати со "пајак".

 

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе