Шест возила и 15 пожарникари гаснеа пожар кај „Пластичарска“ во Скопје
Пожарот кој попладнево избувна во објект на улицата позната како „Пластичарска“ е изгаснат. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје интервенирала со шест возила и околу 15 пожарникари.
Дел од медиумите објавија дека е блокиран дел од булеварот „Никола Карев" на потегот кон Бит Пазар.