Во Скопје

Шест сообраќајки во текот на изминатиот ден

Во Скопје во текот на изминатиот ден се случиле шест сообраќајни несреќи, во кои со тешки повреди се здобиле две, а со лесни телесни повреди четири лица.

СВР Скопје денеска информира дека 38 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак, додека исклучени возачи од сообраќај биле 28, од кои 27 немале возачка дозвола. На крстосница девет возачи поминале на црвено светло.

Не прописно паркирани биле 85 возила, а пајакот подигнал 59.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе