МВР билтен

Шест лица тешко повредени во сообраќајка кај Студеничани

Судар на „фолксваген голф" и патничко моторно возило ,,мерцедес".

Во текот на вчерашниот ден во 07,40 часот во атар на село Студеничани-Скопје во близина на гробиштата, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б. (38) од село Морани-Скопје, и патничко моторно возило ,,мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (21) од село Студеничани.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Р.Б. и сопатникот И.И. (41) од село Студеничани. Со повреди се здобиле и другиот сопатникот во „голф“ А.А. (45) од село Студеничани, како и возачот на ,,мерцедес“ М.Н. и неговите сопатници О.Н. (22) и Н.Н. (7), и двајцата од истото село.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе