Шест лица приведени поради дрога

Македонската полиција вчера приведе шест лица поради тоа што поседувале наркотични средства

„Во 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје, на улицата „Радишанска“, ги привеле 19-годишниот М.К. 24-годишниот А.С. и 22-годишниот С.Б. сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. 

Четириесет и пет минути по полноќ полициски службеници од СВР Скопје, на улицата „11-ти Октомври“, ги привеле Т.Т.(25) и Т.С.(25), двајцата од Гостивар, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. 

Истиот ден во 14.50 часот полициски службеници од СВР Скопје, на булеварот „ВМРО“, го привеле Д.С.(27) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе