„Во 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје, на улицата „Радишанска“, ги привеле 19-годишниот М.К. 24-годишниот А.С. и 22-годишниот С.Б. сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја.
Четириесет и пет минути по полноќ полициски службеници од СВР Скопје, на улицата „11-ти Октомври“, ги привеле Т.Т.(25) и Т.С.(25), двајцата од Гостивар, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја.
Истиот ден во 14.50 часот полициски службеници од СВР Скопје, на булеварот „ВМРО“, го привеле Д.С.(27) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.