СВР Скопје

Шест лица полесно повредени во шест сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатoто деноноќие на подрачјето на Скопје се случиле шест сообраќајни несреќи од кои пет со телесни повреди и една со материјална штета. Во сообраќајките шест лица биле полесно повредени.

Полицијата санкционирала 33 возачи бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај биле исклучени осум возачи бидејќи шест од нив го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, еден бил возач почетник и еден управувал под дејство на алкохол.

Девет возила биле исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци, шест неправилно се престроиле и тројца неправилно престигнувале. В

о текот на изминатиот ден издадени се 88 мандатни платни налози, а 61 возило се подигнати со „пајак".

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе