МВР во сите случаи најавува соодветни поднесоци

Шест лица од Скопје приведени поради марихуана и прашкаста материја

Полицијата соопшти дека шест лица од Скопје во текот на изминатото деноноќие биле откриени и фатени со марихуана и прашкаста материја. 

Синоќа во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„АВНОЈ" го лишиле од слобода М.Н.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја, велат од полицијата.

Синоќа во 01.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Коста Новаковиќ" ја лишиле од слобод Е.Г.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана, се вели во полицискиот билтен.

Синоќа во 01.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Анкарска" го лишиле од слобода Б.Ф.(41) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени прашкаста материја и марихуана, велат од МВР.

Вчера во 22.35 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов" го лишиле од слобода А.Џ.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Вчера во 16.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Кочо Рацин" го лишиле од слобода Б.Ј.(37) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. 

На 09.08.2020 во 17.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Иван Хаџиниколов" го лишиле од слобода Н.Т.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

По документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе