Шеснаесет сообраќајки во Скопје за еден ден

Во текот на изминатиот ден во Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајни незгоди од кои осум со телесни повреди и осум со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди 13 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека двајца возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и еден возач затоа што бил возач почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи шест биле нерегистрирани, седум возила биле технички неисправни и едно возило поради претовар.

Санкционирани се двајца возачи поради поминување крстосница на црвено светло, тројца поради непоседување пропишана зимска опрема, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и двајца возачи поради користење мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 43 мандатни платни налози и исто толку возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе