Шеесет и седумгодишник од Крива Паланка загина во сообраќајка

Во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат А2, Куманово-Крива загина шеесет и седумгодишник од Крива Паланка.

Според информациите од портпаролот на СВР Куманово, Живкица Чавдаревиќ базирани на официјалниот билтен на МВР несреќата се случила на 11 ноември 2019 во 15 часот и 40 минути, на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во близина на клучката на магистралниот пат со главната улица во градот.

До незгодата дошло кога патничко моторно возило „мерцедес“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од шеесетгодишниот Д.И. од село Борово, удрило во 67-годишен пешак С.А. од село Градец, кривопаланечко.

Во незгодата С.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 18 часот и 55 минути починал. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Крива Паланка.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе