Серија физички напади во Скопје

Полицијата во Скопје вчера и во текот на ноќта регистрирала повеќе физички напади и тепачки.

 

Ноќеска во 01.30 часот во СВР Скопје, К.М.(22) од Скопје пријавил дека на вчера околу 02.40 часот во угостителски објект на подрачје на Центар, додека извршувал работни задачи бил физички нападнат од неговиот колега Т.Н..

Џ.И.(19) и О.И.(21), двајцата од Скопје, синоќа пријавиле дека околу 21.00 часот во близина на угостителски објект на подрачје на Бит Пазар, по претходна расправија биле физички нападнати од неколку лица кои биле со патничко возило со скопски регистарски ознаки.

На подрачјето на Бит Пазар, поради семејни недоразбирања, вчера бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Ф.(22) и Е.Л.(50), двајцата од Скопје, при што Е.Л. се обидел со остар предмет да го нападне В.Ф., но бил спречен.

С.М.(33) од Берово вчера во СВР Скопје пријавила дека во 05.00 часот пред угостителски објект на подрачје на Аеродром била физички нападната од едно машко лице.

Во Комплекс клиники „Мајка Тереза” вчера со повреди бил донесен повреден Ѓ.Т.(36) од Скопје. По негово кажување, во 18.20 часот во парк во с.Долно Лисиче, скопско, бил физички нападнат од С.К.(28) од с.Долно Лисиче, со кого се познавал од претходно. 

Полицијата работи на расчистување на сите случаи. 

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе