Серија физички напади низ државата

Во текот на вчерашниот ден во повеќе градови низ државата се регистрирани физички напади, тепачка, но и агресивно однесување кон полицајци.

Д.Д.(43) од Велес вчера во СВР Велес пријавил дека во близина на автобуската станица во Прилеп бил физички нападнат од две лица.
Синоќа, пак, било пријавено дека во с.Љубанци, скопско, по претходно меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу И.О.(45) и А.Т.(27), од една страна и С.К.(25) и Љ.К.(60), од друга страна, сите од с.Љубанци.
Исто така синоќа, А.Б.(46) од Тетово пријавил дека на ул.„Маршал Тито“ во Тетово бил физички нападнат со тврд предмет од Н.Ј.(35) и уште неколку лица од с.Селце.

Во Скопје, на подрачјето на Радишани, Љ.Н.(66) од Скопје вчера бил физички нападнат со тврд предмет од М.С.

Исто така во Скопје, В.М.(30) од Скопје синоќа пријавила дека на подрачјето на Центар била физички нападната од Н.Н.(30) од Скопје.

Во Пробиштип, пак, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Г.Ѓ.(42) од Пробиштип, поради тоа што физички нападнал четири лица. За настанот бил известен Јавен обвинител, а лицето е пренесено во Психијатриска болница „Негорци“ за укажување на лекарска помош.

Скопјанката В.К.(44) синоќа била приведена од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош затоа што се однесувала агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејства.
Во друг случај вчера попладне И.К.(34) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетни лица.

Полицијата работи на расчистување на сите случаи.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе