По преземени мерки било констатирано дека околу 22.00 часот настанала расправија и физичка пресметка помеѓу нејзиниот братучед С.Х.(39) и нејзиниот сопруг С.Х.(37). Кратко после тоа, нејзиниот братучед заминал и набргу се вратил со нож во раката. Тогаш повторно настанала расправија и за да не биде нападнат нејзиниот сопруг, А.Ѓ. се испречила пред С.Х.(39), кој со ножот и нанел убодни рани во стомакот, по што починала на местото.
С.Х.(39) и С.Х.(37) биле приведени во Полициската станица Чаир, по што, поради здобиените повреди, со возила на Итна медицинска помош, С.Х.(37) бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а С.Х.(39) во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.