Сообраќајна контрола

Секој втор запрен возач во Скопје вчера казнет за брзо возење, во земјата 687 возачи

Полицијата вчера на територијата на Скопје казни 160 возачи, од кои 76 кои ја пречекориле дозволената брзина, додека при радарска контрола на територијата на целата земја за брзо возење се казнети 687 возачи. 

МВР информира дека вчера во Скопје, покрај за брзо возење се казнети 27 лица заради непрописно паркирање, тројца помиинале на црвено светло на семафорот, шестмина возачи немале возачка дозвола, а тројца се казнети затоа што зборувале на мобилен телефон додека управувале со возило. Казнети се и десет мотоциклисти за различни видови на сообраќајни прекршоци.

На тероторијата на земјата за брзо возење се казнети 687 возачи, од нив, 124 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово-114, а потоа на територија на СВР Куманово -101, на територија на СВР Штип-98...

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе