Седумнаесет мигранти од Бангладеш пронајдени вчера

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Струмица и Регионалниот центар за гранични работи Исток, на регионалниот пат Валандово – Струмица, на влезот во Струмица, кај месноста „Куклишка раскрсница“, запреле патничко возило „сеат алтеа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (29) од с. Никуштак, патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.И. (21) од Скопје и патничко возило „ауди А6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Х. (25) од Скопје.

„При преглед во возилата биле пронајдени 17 лица мигранти од Бангладеш.

Возачите и мигрантите биле приведени во СВР Струмица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, информираат од МВР.

Лустрацијата беше непотребна и смешна фарса, неуспешна пресметка и понижување на политичките неистомисленици. За ветингот да успее, треба да ги опфати сите.

повеќе

Законски да се регулира дека за амбасадорските места ќе има интерен (во МНР) оглас и кандидирање на заинтересираните.

повеќе

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе