Седумдесетиедногодишен човек со „Томос“ удрил во електричен столб и настрадал

Денес во 13 часот и 30 минути, на крстосницата на улиците „7 ноември" и „Бекир Алириза" во Охрид, случена е сообраќајна незгода по која, во Општата болница во Охрид, на повредите им подлегнал Т. Ш. (71) од селото Велгошти, соопштуваат од СВР Охрид.

Тој, управувајќи мопед марка „Томос Спринтер“ без регистарски таблици, на критичното место изгубил контрола и удрил во дрвен електричен столб.

На местото на сообраќајната незгода, увид изврши Јавен обвинител и екипи на СВР Охрид поради што, сообраќајот на улицата „7 ноември“ беше пренасочен по споредни улици.

По наредба на Јавен обвинител, врз починатиот ќе биде извршена обдукција а врз мопедот- дополнително техничко вештачење.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе