МВР

Седум тепачки во изминатото деноноќие

На 21.06.2021 во 06.10 часот во СВР Куманово, А.А.(23) од Куманово пријавил дека во казино во Куманово бил физички нападнат од О.Х.(30).

„На 21.06.2021 околу 04.30 часот на паркинг пред угостителски објект во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово биле приведени Б.К.(25) од с.Кучкарево, Ф.В.(21) од Скопје, А.А.(23) и И.С.(22), двајцата од Куманово, бидејќи откако Б.К. физички го нападнал Д.М.(21) од Скопје, приведените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а Б.К. агресивно се однесувал и физички нападнал и полициски службеник кој вршел службени дејства.

На 20.06.2021 во 20.40 часот А.Б.(45) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк бил физички нападнат од Д.М.(66) и А.Н.(25), двајцата од Скопје. 

На 20.06.2021 во 17.50 часот во СВР Охрид, В.С.(27) од Охрид пријавил дека во авто-камп во Охрид бил физички нападнат од С.К.(22), С.К.(20) и И.С.(22), сите од Охрид. 

На 20.06.2021 околу 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на хотел на подрачјето на Центар, С.Ј.(22) и И.Ј.(21), двајцата од Скопје, биле физички нападнати со тврди предмети од Б.Н. и А.А.(25) од с.Сарај, скопско. 

На 20.06.2021 во 23.50 часот Д.И.(39) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, С.Н. физички ги нападнала неговите две малолетни деца. 

На 20.06.2021 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бензиска пумпа на подрачјето на Гази Баба, вработениот Д.Ц.(31) бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот„ информираат од МВР.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе