Изминатото деноноќие

Седум сообраќајки во Скопје, тројца тешко повредени

Во седум сообраќајни несреќи што се случиле изминатото деноноќие во Скопје, три лица биле тешко повредени, а четворица полесно. Во една сообраќајна несреќа е причинета материјална штета.

Според СВР Скопје, 64 возачи се движеле со поголема брзина од дозволеното, седум возачи возеле под дејство на алкохол и десет возачи пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и еден возач почетник.

Исклучени од сообраќај биле и 12 нерегистрирани возила.

Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 63 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 54 возила.

Полицијата санкционирала и еден возач кој поминал крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и пет за неправилно престројување. 

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе