Седум сообраќајки во Скопје

Патник во автобус бил тешко повреден во една од вкупно седум сообраќајни незгоди што се случилеи во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајки со полесни повредни се здобиле шест лица, а во една била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала пет возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила седум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 11 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца почетници, како и 15 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и тројца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, шест возачи за неправилно престројување, тројца возачи за неправилно престигнување, двајца возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, две лица за не носење заштитен шлем, тројца возачи за не носење сигурносен појас, како и 11 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 141 возило непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 67 возила.

Македонија во НАТО е заслуга на сите политички партии од  осамостојувањето на земјата, а не само ДУИ.

повеќе

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе