Седум мигранти од Сирија приведени во реонот на село Речица, Кумановско

Седум мигранти од Сирија, синоќа, се пронајдени и приведени во реонот на кумановското село Речица. Како што соопшти МВР, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Белановце", синоќа околу 22.30 часот, во реонот на Речица, забележале возило „рено еспејс", кое превезувало мигранти.

Полициски службеници го пронашле возилото, а во негова близина пронашле и седум лица мигранти од Сирија. Мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар во Скопје за понатамошна постапка, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе