Седум лица од Битола казнети за непочитување здравствени прописи

Основното јавно обвинителство – Битола денеска до Основниот суд во Битола поднесе пет предлози за издавање казнени налози против седум лица. Во текот на вчерашното деноноќие лицата биле затекнати во движење без поседување на соодветни дозволи.

„Со своите дејствија седуммината обвинети сториле кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството му предложи на судот сторителите да ги огласи за виновни и да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба да биде во износ од 20 евра во денарска противвредност“, соопштија од ОЈО.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе