Предлог на ОЈО Скопје

Седум лица да платат по 2.000 евра казна за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно седум лица за кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик“.

Обвинетите, во различни кривично-правни настани не го почитувале полицискиот час, па за време на забраната определена со прописите за спречување на ширењето на заразна болест се движеле на различни локации во градот, соопштија денеска од ОЈО.

Надлежните јавни обвинители за сите обвинети предложија парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе