Кривичен пресуди

Седум години и шест месеци затвор за дедото на Тамара

Седум години и шест месеци затвор е казната која денеска му беше досудена на Љупчо Стојановски од Велес, дедо на малата Тамара и обвинет за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Судијката Софија Лаличиќ рече дека судот сочувствува со семејството за загубата на малата Тамара, но истакна дека правдата не се добива со одмазда, поточно со „око за око“.

„Обвинетиот посегнал по животот на оштетениот бидејќи го сметал за најголемиот виновник за смртта на неговата внука Тамара. Но тоа не е патот до правдата. Оштетениот е жив не затоа што обвинетиот не сакал да го убие, туку затоа што Тодоров се наведнал“,рече судијката по прогласувањето на пресудата.

Според судијката, обвинетиот се бранел дека само сакал да пука во воздух и да ја пренесе пораката „Да нема повеќе други Тамари!“,

„Со пукање во глава на министер нема да се пренесе пораката“, потенцираше судијката.

Судијката Лаличиќ потенцираше дека за смртта на Тамара на обвинителна клупа се 12 обвинети, меѓу кои не е Тодоров.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе