Од билтенот на МВР

Се запознале преку Фејсбук, ја повикал да дојде од Германија во Трубарево и не ѝ дозволувал да си замине

Жител на Трубарево е приведен затоа што измамил жителка на Германија која ја повикал да дојде кај него, по што ѝ ги одзел и телефонот и документите, ја малтретирал и не ѝ дозволувал да си замине.

„Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Е.А.(22) од с.Трубарево, скопско, постапувајќи по пријава од В.С.(25) од Германија, според која по претходна комуникација на социјална мрежа со Е.А., таа дошла во Скопје, а тој ја однел во неговиот дом во с.Трубарево, ѝ го одзел мобилниот телефон, физички ја нападнал и не ѝ дозволувал да си оди.

При претрес извршен од страна на полициски службеници од Одделението за насилен криминал при Единицата за насилен криминал од СВР Скопје, по добиена судска наредба, во домот на пријавениот биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Е.А. бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, информира МВР.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе