Се запалиле куќи во Битола и во Голема Речица

Два пожари се пријавени во текот на вчерашниот ден, во куќи во Битола и во тетовска Голема Речица, информира МВР. 

Вчера околу 10 часот во СВР Битола било пријавено дека истиот ден околу 08.00 часот избувнал пожар во куќа на ул. Благојче Силјановски, сопственост на В.В.Ф. Пожарот е изгаснат од Територијална против пожарна единица од Битола, а увид е извршен од страна на СВР Битола.

Вториот пожар бил во тетовското село Голема Речица и бил пријавен околу 01.00 часот. Пожарот избувнал во куќата на Л.З. (27). Според првичните информации, пожарот настанал околу оџакот. Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единицаТетово, а увид извршила екипа од СВР-Тетово.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе